Нашата компанија

За Нас

Нашата компанија

Низ годините.

Историјата на Печатницата, која во основа е историја на графичката дејност во Република Македонија, започна на 12/11/1944 година, само осум дена по ослободувањето на Битола. Започна како занаетчиска работилница на 22 вработени, за по шест децении да израсне во современа графичка индустрија, во која егизстираат околу 200 вработени, од различни профили и звања. Во 1948 година Печатницата се трансформира во индустриско претпријатие, во кое од 1950 година е воведено работничко самоуправување. До почетокот на 70тите години има самостоен развој, по што се трансформира во Основна Организација на здружен труд "Киро Димитровски Дандаро", во рамките на работната организација Битолски графички завод. Во почетоткот на 90 тите години, во процесот на транзиција на општествениот капитал, прерасна во Акционерско друштво, во која што форма успешно датира до денес. Од своите почетоци, до денес Печатницата го сочува развојниот континуитет, создадени се просторни, кадровски и технолошки услови, кои му овозможуваат постојан развој и просперитет.

Низ годините

Нашето име

Печатницата денес

Нашиот тим

Она што го ветуваме

Сертификати

За Нас

Нашата компанија

Design cup

Дизајн Студио

Нашиот дизајнерски тим е составен од креативни, комуникативни и непосредни дизајнери, кои ќе Ви овозможат широк спектар на графички дизајн и услуги. Нашата главна цел е да ја оживееме Вашата визија. Од почеток до крај, нашиот искусен персонал ќе го создаде дизајнот кој Вие го посакувате и кој ќе ви даде предност пред вашата конкуренција.

1
1
Design cup

Графичка обработка

​Користејќи најнова компјутерска и дигитална технологија, досега сме дизајнирале најразлични дизајни за: визит карти, брошури, летоци, банери, весници, магазини, каталози, амбалажа за производи од прехрамбената и непрехрамбената индустрија, хемиската, фармацевтската индустрија и многу други.