- Kiro Dandaro
 
 
Kiro Dandaro

„Култура во деловното работење“

Наши силни страни се:
брзината со која нарачките се процесираат во испораки и
флексибилност во одговорите на барањата од коминтентите.

Вашиот печатен материјал е репрезентативен дел од нашата пасија за беспрекорност на печатениот медиум

Секогаш иновативни, итно влегуваме во новите форми на печатење.

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

Историја:
Киро Дандаро од мала печатница во 1944 го постигна својот развој благодарејки на иновативниот раста на Бившата Југословенска Република во 1946.
Киро Дандаро како Печатница беше припремена со најсовремени печатарси методи кои што беа презентирани на пазарот.
Ова му дозволи на Печатницата пораст на вработените кој што израсна од 22 до 196 вработени.
Во 1980, печатницата за да можи да ги задоволи своите побарувања, обезбедува нова машина за Рото и флексо Штампа што му даде на печатницата нов импулс на продуктивноста како и на квалитетот и квантитетот на работењето а сето тоа доведе до зголемување на вработените при што денес изнесува 196 вработени.
За време на кризата на Република Југославија а благодарејки на географската и политичката состојба на Македонија Киро Дандро во 2002 година премина во акционерско друштво.
Веќе во 2002 година Еуро Промотер СРЛ, чии што менаџмент дејствува од 1976 година во пазарот на флексибилната амбалажа за набавување на крајните потрошувачи.
Во 2007 година Еуро Промотер зголемувајки ја својата квота, настојува активно да учествува во во амбициозните програми за развој на производството во согласност со европските Стандарди.
Денес Киро Дандаро е подготвено да се соочи меѓународниот Пазар во согласност со најмодерните достигнувања и во согласност со меѓународните стандарди.

 
 

Зошто Сме единствени
Разликите се во пристапот и во деталите.
Селекцијата. Изборот на правилниот тип на печатење, ги даваат очекуваните резултати, највисок квалитет, најниски трошоци и брз одговор на изведбата.

Флексибилност. Вашите материјали за предпечатење се во форми кои дозволуваат избор на различни платформи за печатење.

Консултацијата. На располагање ви се бесплатни стручни консултации за избор на вашите маркетинг материјали со оптимални ефекти а по најниски цени.

Успешност. Наша работа е да ги правиме вашите проекти успешни.

Сето понапред наведено е овозможено следејќи го принципот на ISO системот и тоа :

 - ISO 9001   –Воведен во 1999 год

 - ISO 14001  -Воведен во 2007 год

Извршени се мерења на штетни влијанија во работна средина и околина, и сите се во границите на законските барања

 

Политика за управување со квалитетот и животната средина
Подолг период вршиме едукација и воспоставување на системот за заштита на животната средина.Свесни дека одговорноста за квалитетот на производите е исклучиво на печатницата  “Киро Дандаро” Битола, а глобалните проблеми на животната средина се заеднички интерес и одговорност на целото човештво, АД Печтница  „Киро Дандаро” Битола ја воспостваува следната политика за своето работење.

  • Одржување и зајакнување на лидерската позиција на пазарот во Македонија.
  • Реализација на производи со квалитет повисок од квалитетот на конкурентните печатници во Македонија.
  • Дизајн на производите препознатлив за купувачот.
  • Испорака на производи во бараниот рок од купувачите.
  • Развој на безбедни производи за употреба, со примена на најнови  технологии и материјали, прифатливи за животната средина.
  • Производство на производи и управување на отпадните материјали со процеси кои обезбедуват минимално влијание врз животната средина низ целиот животен циклус на производот.
  • Рационална употреба на материјалните, водните и енергетските ресурси.
  • Еднаков приоритет за максимална заштита на животната средина, безбедност на производите, квалитетот на производите и комерцијалниот успех.
  • Постојано подобрување на процесите и животната средина.
  • Обука на персоналот за управување со процесите и животната средина.
  • Советување на вработените, управните органи и купувачите за еваулацијата на процесите, производите и нивното влијание врз здравјето, безбедноста и  животната средина.
  • Јавно презентирање на достигнатите вредности на параметрите на животната средина.
  • Поддршка на сите активности на општествената заедница со чувство на сопствена одговорност за подобрување на заштитата на животната средина.
  • Целосно почитување на законските прописи.